Видео: Драма во клисура кај Ниш – Карпа влетала во автобус, го онесвестила возачот


Автобус полн со патници кои се враќале од одмор во Турција за влакно избегнал страшна трагедија.

Автобусот на агенцијата Знак од Нов Пазар тргнал кон амбисот, кон реката Нишава по бизарна несреќа. Отпаднал дел од карпата крај патот, за несреќа паднала дирекно врз шофершајбната од страната на возачот. Навлегла во автобусот и го онесвестила возачот. Автобусот преминал на другата лента и за влакно ќе паднел во провалијата. Патникот Срџо Стоиќ присебно изреагирал, го грабнал воланот и спасил автобусот да не падне во амбисот.

Несреќата се случила во Сичевачката клисура, возачот Сенад Зечировиќ 36 годишен, се здобил со сериозни повреди, пренесен е во болница во Ниш. Изгубил многу крв, има скршено раме и клучната коска, а има и повреди на внатрешните органи.

Патниците велат секунда ги делела од сигурна смрт. Како карпата го удрила возачот тој во истиот момент ја изгубил свеста и автобусот тргнал кон амбисот. Среќа што патникот бил присебен и реагирал веднаш, го грабнал воланот, го свртел автобусот и успеал да го сопре автобусот.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1