ВИДЕО: Еден загинат, 25 повредени во експлозии и пожар во Крагуевац


Едно лице загина, а 25 други се повредени денеска при експлозии во Техничко-ремонтниот завод во српскиот град Крагуевац, соопшти Министерството за одбрана на Србија.eksplozija-kraguevac

Како што јави Танјуг, повредните лица се припадници на Војската на Србија и на Противпожарната единица. Загинатиот е потполковник на Војската Мирослав Перишиќ.

Жртвите настрадале кога при гаснење на пожарот предизвикан од првата експлозија во погонот за ремон на оружје во фабриката, се урнала покривната конструкција, која ги затрупала. За време на пожарот во погонот одекнала и втора експлозија.

Инцидентот се случил околу 13.30 часот, а пожарот бил локализиран нешто по 17 часот. Во гаснењето на пожарот учествувале 40 пожарникари, припадници на Армијата и вработени во фабриката.

Сите повредени лица се згрижени во крагуевскиот Клинички центар и се вон животна опасност.

Началникот на секторот за вонредни ситуации на Крагуевац, Драгош Радовановиќ изјави дека немало причина за евакуација на жителите во населбите, кои се наоѓаат во близина на фабриката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1