(Видео) Експлодираа резервоари со нафта кај Панчево


Во местото Омољица во близина на Панчево изби голем пожар откако експлодирале резервоари со нафта. Огнот зафатил хангар на земјоделско стопанство во близина, јави српската државна телевизија РТС.

Video – RTS.RS

Според очевидци, се слушнале повеќе експлозии, но за среќа нема повредени. Сепак, на местото на инцидентот веднаш пристигнале пожарникарски и медицински екипи.

Пожарот бил брзо локализиран, по што службите почнале да го гаснат. Во хангарот што го зафатил изгореле сточна храна, гуми и гориво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1