ВИДЕО: ЕВАКУИРАНА ЖЕЛЕЗНИЦАТА ВО МИНХЕН: „Бомбаши самоубијци“ спремале напади


Две железнички станици во Баварија беа затворени непосредно пред доаѓањето на Нова година во текот на изминатата ноќ поради сигнал дека терористите од “Исламска држава” подготвуваат атентати.

Утринава и двете станици – централната во Минхен и железничката станица во Пазинг, беа повторно отворени и возовите го обновија движењето.MINHEN ZELEZNICA

Сигналот за спреманите напади во Минхен е поднесен од пријателска разузнавачка служба, соопшти министерот за внатрешни работи на провинцијата Баварија Јоаким Херман.

Според извори на ДПА оваа информација е обезбедена од страна на француските власти.

“Нашиот пристап е да не дозволиме терористи да диктираат како да го живееме својот живот”, рече Херман рано утринава.

Минхенскиот весник “Зидојче цајтунг” пишува дека полицијата истражува петмина осомничени. Началникот на минхенската полиција Хубертус Андре рече дека меѓу пет и седум осомничени се подготвувале да извршат самоубиствени напади на полноќ на една од двете станици.

Утрово тензиите падна, по кулминација на кризата малку пред полноќ, додаде полицискиот началник.

При сериозни безбедносни мерки помина одбележувањето на Нова година во Берлин.

Неколку стотици илјади луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, каде полиција не пушташе луѓе со железни предмети или во видливо алкохолизирана состојба. Во германската престолнина немало закани за напади.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1