25 годишниот Санџеј од градот Рамагаон од Индија, во март годинава се качил на дрво, откако неговата сопруга го изневерила со соседот во нивниот дом.
Од тогаш тие живеат разделено, а секогаш кога ќе дојдела да го посети, за да ги решат проблемите, Рамагаон во знак на протест се качувал на дрвото. Откако не успеала да го наговори да се смират, се вратила да живее со нејзините родители.
Неговата мајка вели дека имал неколку обиди за самоубиство, а сопругата повеќе не ја слушала за да продолжи да доаѓа за да ги решат проблемите.
Од полицијата велат дека човекот не направил ништо лошо и поради тоа не можат да интервенираат.