Креативниот дух, трудот и упорноста се рецептот за успех и заработка преку Јутјуб. Ова од искуство го тврди 25-годишната девојка Зое Сар од Брајтон, која е позната и како Зоела.
Таа е најновиот пример за успех преку Јутјуб, па овие дена се најде во центарот на британската јавност бидејќи откриено е дека оваа „влогерица“ (видео блог) заработува дури и 70.000 евра месечно.
Младата девојка неодамна достигнла до 10 милиони следбеници на нејзиниот Youtube канал, а освен што добива пари преку прегледите на нејзините видеа, таа има потпишано и неколку спонзорски договори.
Таа каналот го создала во декември 2009 година, и од тогаш на камера воглавно зборува за модата и споделува разни совети за фризури, шминкање, облека и нокти – во просек објавува 5 видеа месечно.
Преку Јутјуб заработуваат многу луѓе во светот, а најмногу пари зема Швеѓанецот Феликс Кјелберг познат како PewDiePie, чијшто канал е посветен на видео игри, а има преку 40 милиони корисници (12 милиони годишно).