Секој викенд во Велика Британија, во пространи луксузни куќи и вили, шампањ тече во потоци, додека гостите уживаат во меѓусебно дружење и романтична атмосфера.
Тоа би бил описот за отмените и богаташки оргии кои се прикажани во документарецот „Sex Party Secrets“ на Channel 4.Станува збор за документарен филм кој ги носи гледачите во светот на сексуалните елити.
Паровите кои доаѓаат на вакви собири се атрактивни и млади луѓе желни за софистицирани забави кои, освен во луксузни куќи низ Британија, често се организираат и на јахти и вили на Ибица.
Една од организаторките на такви настани во документарецот открила дека луѓето кои учествуваат во оргиите претходно треба да поминат строга процедура на проверка.