Вчера околу 17 часот на ул. “Фуштанска“ во Скопје од страна на полицијата лишено од слобода е лицето А.В.(32) викан „Нинџа“ од Скопје.
Со истиот е извршен разговор по што е спроведен во Истражен затвор „Скопје“, согласно изречената мерка – притвор во траење од 30 дена во отсуство, од страна на Истражен судија.
Нинџа и неговиот помошник вооружени со пиштоли на 2. декември, во населбата Аеродром, во околу 23 часот, го пресретнале Стојменов на паркингот додека пешки се враќал од тренинг.
“Најпрвин Н.М. му се обратил барајќи од него да прекине да зборува на мобилниот телефон по што А.В. со намера да го лиши од живот Д.С. со пиштолот испукал еден проектил кон истиот притоа нанесувајќи му огнострелна рана во вид на расекотина во пределот на чашката на коленото на десната нога. Д.С. исплашен за својот живот почнал да бега и притоа слушнал уште еден истрел од огнено оружје. Повредениот побарал помош во градската болница ’Наум Охридски’ каде му била дијагностицирана повреда во вид на расекотина на чашката на коленото на десната нога“, се наведува во полициското соопштение.
Веднаш по настанот Нинџа и помошникот пешки се упатиле кон булеварот Јане Сандански и на автобуската станица се качиле во такси возило и заминале кон населбата Автокоманда.