Вечерва во Малме на програмата е втората полуфинална вечер во рамките на 58-то издание на изборот за песна за Евровизија.
Очите на македонската јавност вечерва ќе бидат вперени кој Есма и Лозано кои со „Пред да се раздени“ ќе ги бранат боите на нашата држава. Ќе настапат под редниот број 3.
Инаку, оваа година дојде до промени во начинот на гласањето, така што сега ќе се оценуваат сите натпреварувачки песни, наместо поранешните правила кога бодовите од 1 до 12 се доделуваа само за десет најдобри песни според мислењето на публиката и жирито.
Право на глас денеска ќе имаат само гледачите и жирито од земјите учеснички на второто полуфинале како и од три од земјите на „Големата петорка“ – Франција, Германија и Шпанија.
Вечерва ги стискаме палците за Есма и Лозано и „Пред да се раздени“
Хит Портал
Инаку, вечерва на евровизиската сцена ќе настапат 17 држави, од кои само 10 ќе се пласираат во финалето.
Еве кои земји им се конкуренција на Есма и Лозано…