Вечерва во 21 часот на Сител е шестата емисија во живо на популарното музичко шоу Х Фактор. Единствениот финалсит од Македонија во шоуто вечерва ќе настапи со песната “Stay” од акглиското поп дуо Hurts.
Што се однесува до другите финалисти, Алекса ќе пее песна од неговиот омилен пејач Сергеј Четковиќ, додека Емина се одлучила на Харис да му додели песна од Кемал Монтено.
Од останатите натпреварувачи, се знае дека Илма Карахмет вежба доста тешка песна на англиски јазик, а Маид ќе пее една позната балада.
Во ревијалниот дел ќе настапи македонската поп дива Калиопи.