Видео/Фото: Исти се – Близнаци ожениле близначки и добиле деца близнаци


twins-marrying-460_779941c-300x187

двојајчени близнаци се запознале со еднојајчани близначки кои ги побарале за жена во ист ден, а денес имаат близначиња.

Во ист ден и се венчале, а денес сите заедно живеат куќа до куќа во Хјустон

Оваа необична семејна приказна започнала на една конвенција за близнаци во Охајо во 1998 година, каде Марк ја запознал Дарлин и се заљубил на прв поглед.

Со нив на конвенцијата биле и нивните близнаци Крег и Дајана кои подоцна се запознале и самите тие се заљубиле.

637111-blizanci1 637093-blizanci2

„Бев во предворјето на хотелот кога првпат ги видов Дарлин и Дајана. Крег беше некаде во хотелот, работеше, а јас морав да одам по него затоа што се плашев дека двете ќе помислат дека сум некој самец кој им се пушта на близначки. Морав да им докажам дека имам двојник некаде“, се присетува Марк.

-bliznaci4

Не само што ја запознал својата идна сопруга Дарлин, туку му помогнал и на неговиот брат да ја запознае неговата.

Тие имале заедничка венчавка во 1999-та, откако браќата ги побарале за жени двете сестри во ист ден, пишува „today.com“.

Тука не заврила приказната за ова семејство, па Крег и Дајана во 2001 година ги добиле близнаците Колби и Брејди.

Двете семејства сега живеат едни до други во Хјустон, а Крег и Дајана имаат уште еден син, а Дарлин и Марк имаат две ќерки.

637127-blizanci3

Тие имаат заеднички двор каде децата си играат, а децата признаваат дека некогаш не се сигурни кои се нивните родители.

На денот на венчавката сестрите носеле исти венчаници, а нивниот татко во исто време ги испратил до олтарот.

„Беше забавно да ги купуваме венчаниците, Дарлин ќе земеше еден дел, па јас ќе земев друг и заедно ги пробувавме. Ако на едната не изгледаше добро, значи немаше да изгледа добро на другата“, рекла Дајана.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1