Видео/ Фото: Куче-херој двапати и го спаси животот на сопственичката


 

Кучето е најверниот пријател на човекот. Овој факт е докажан безброј пати, а тоа го докажа и питбулот Титан. Тој е домашно милениче на американското семејство Бентон и во два наврати и го спаси животот на сопственичката.

 

Автор – Ивана Терзиевска

Пред околу една година, кога Џон Бентон тргна да оди на работа излезот му го блокираше токму Титан. Тој застанал на вратата, почнал силно да лае и не го пуштал сопственикот да излезе.

Најпрво, Џон се зачудил, но почнал да го следи Титан кој се искачил по скалите на вториот спрат, каде на подот, со фрактура на черепот лежела сопругата на Бентон. За да биде уште потрагично, таа штотуку била оперирана поради повреди на грбот.

„ Се однесуваше чудно. Нашето куче воопшто не е агресивно и затоа се зачудив. Лаеше, ‘ржеше и трчаше по скалите. Глорија можеше да искрвари до смрт, ама Титан ја спаси. Докторите и открија анеуризма во мозокот. Ако отидев на работа, брзо ќе умреше“, – изјавил Бентон.

Пред два месеца кучето-херој Титан повторно и го спаси животот на Глорија. Питбулот дошол во спалната соба рано наутро во 4.30 за да го разбуди газдата, а Џон и имал што да види. Неговата сопруга паднала во тоалетот, го скршила колкот и една коска, а повторно ја спасил, кој друг ако не Титан.

 

Atlanta News, Weather, Traffic, and Sports | FOX 5

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1