Видео/Фото: Најголемата руска мистерија ќе ви ја замрзне крвта во вените!


Пред точно 55 години, девет искусни планинари го искинале својот шатор одвнатре и голи и боси го напуштиле логорот при температура од минус 30 степени. Подоцна биле пронајдени мртви, со необјасниви повреди на телата.

430809_skijasi-3_fДеновиве се одбележува годишнината на никогаш разјаснетата трагедија во која настрадале девет планинари на Урал. Тогашните советски власти заклучиле дека станувало збор за „несовладива природна сила“, но пристап до целото подрачје бил забранет три години.Групата била составена главно од студенти на Уралскиот политехнички факултет.

Целта им била да се искачат на планината Отортен, што на јазикот на тамошното племе Манси значи „таму да не одиш“. Еден од планинарите после два дена се вратил дома поради болест, останатите, искусни планинари и скијачи, го продолжиле патот.

Иако, на 12 февруари не се јавиле како што било договорено, потрага по нив тргнала дури на 20 февруари, а набрзо се вклучиле и војската и полицијата. Нивниот шатор бил пронајден на 26 февруари.

430811_skijasi-5_fБил исечен со нож одвнатре и прекриен со снег. Во него биле речиси цела облека и опрема на планинарите по што било заклучено дека тие го напуштиле логорот непланирано и набрзина иако надворешната темпрература била 30 степени под нулата. Во логорот била пронајдена камера со последната, мистериозна слика, која може да се види во галеријата.

Следејќи ги траговите на босите нозе по снегот, потрагата после неколку километри пронашла траги од запален оган и првите две тела со изгорени дланки. Уште три тела биле пронајдени во близината, а по преостанатите четири тела се трагало со месеци.

Утврдено било дека се облечени во облека на останатите членови на тимот, но насилно бидејќи облеката била искината.

430810_skijasi-4_fИако на првите тела немало знакови на насилна смрт и отпрвин се верувало дека починала од смрзнување, на последните тела имало фатални необјасниви повреди. Лекарите констатирале дека станувало збор за огромна сила.

Освен тоа косите на сите жртви биле побелени иако повеќето од нив биле во своите дваесетти години. На телото на една од жртвите недостигале јазикот, очите и дел од усните, како и коски од черепот.

Иако првично се претпоставувало дека насилството го извршиле припадници на племето Манси зашто планинарите влегле во нивната „света земја“, за тоа немало материјални докази.

430808_skijasi-2_fВтората теорија била дека имало лавина. Но, ниту тоа не било потврдено. Третата теорија била дека ветриштата од планината Холачахл создале таканаречен „Кармановиот вортекс“ што  резултирал со инфразвуци кои имале психолошки ефект врз планинарите.

Без конкретен заклучок, сета документација била прогласена за државна тајна и како таква се чувала далеку од јавноста се до деведесеттите години. Но, кога документацијата била отворена, многу нејзини делови недостасувале. Сето тоа, но и многу други детали, на случајот му дале голема доза на мистерија која и денеска важи за една од најголемите во Русија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1