Светот го доби првиот хуманоид робот, кој што може да имитира едногодишно дете. Роботот ќе се користи за студии од социјален развој – како бебињата се учат да го контролираат своето тело и да комуницираат со други луѓе.
Во ваквиот проект биле вклучени повеќе истражувачки научници, експерти и професори од неколку Универзитети од цел свет.
Преку камерите во двете очи, Диего Сан – детето робот, ги апсорбира сите настани и гестови со луѓето, нивните чуства и ги процесуира. Диего-Сан е следниот чекот во развојот на „емоционално релевантната“ роботика.
Целта е да се направи напредок во пресметковните проблеми преку пристапот на најсофистицираните комјутери кои овозможуваат вештачка интелегенција. Сензорите во самиот робот се изградени на тој начин да наликуваат на оние на човечките мускули.
Проектот може да отвори нови можности на комјутерското проучување на новороденчињата, нивниот развој, како и нови индиции за разбирање на развојни нарушувања како што се аутизмот и Вилијамс синдромот.
Како што навестуваат основачите на Диего-сан, ваквото вештачко бебе нема да биде единствено. Швајцарски истражувачи веќе работат на робот висок четири метри, со лице кое што го бирале преку конкурс од фејсбук.