Џулија Стивенсон ги одвел своите деца во слаткарница каде им купил слатки а неколку часа подоцна ги убил.
Сигурносните камери ги снимиле децата со бални во рацете како чекаат татко им да им купи слатки. Стивенсон дури им мафнал на вработените пред да излезат од продавница во францускиот град Лион.
Неколку часа подоцна, 10-годишниот Метју и петгодишната Карла биле мртви.
Тие со таткото биле прв пат откако на Џулијан му е дозволено да ги види без надзор, по долга борба околу старателството која ја водел со неговата бивша сопруга. Кога Стефани, неговата бивша сопруга дошла по децата Џулијан лут и во паника стоел на скалите.
Британецот е уапсен а децата се пронајдени мртви во станот со пресечени грла.
Сопственикот на пекарата во која Џулијан отишол пред убиството изјавил дека изгледале како среќно семејство.