Поради обилните падови и изливи на реката во Ваљево, и деловите од општина Лајкковац и УБ е прогласена вонредна состојба, а на целиот брег на Колубаре е направена вонредна одбрана од поплавите!
Поради силните дождови во поголемиот дел од Србија кои непрекинато врнат повеќе од 12 часа, во некои општини е воведена вонредна состојба, некои локални училишта се затворени и нема да работат до крајот на седмицата, а поради излевањето на реките во прекин е сообраќајот на многу локални правци.
Штабот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Србија го предупреди локалните власти дека следните 72 часа мораат да бидат во целосна подготвеност.
Републичкиот хидрометеоролошки завод од час во час известува за порастот на водостојот на повеќето реки, со многу неповолни прогнози, бидејќи следните два дена се очекува да наврне дожд колку што изнесува месечниот просек па дури и повеќе од тој просек , а во некои региони, особено во Војводина, врнежите се проследени со силен ветер.
Началникот на штабот за вонредни состојби, Предраг Мариќ, изјави дека ситуацијата се следи од минута во минута, како и дека на теренот веќе се упатени тимови за спасување на вода, но мораат да се организираат и општинските штабови за одбрана од поплави.
Вонредна ситуација веќе е прогласена во Ваљево, и во делови од општините Лајковац, Уб и Осечина на сливот на Колубара.
„На сите критични места се упатени екипи за спасување на вода од Белград и од Нови Сад, Сите локални самоуправи мора да бидат во целосна подготвеноста и подготвени да реагираат”, истакна Мариќ.
Во претходниот бран поплави во текот на април настрадаа две деца кој се удавија во река во едно село крај Ниш, а најмногу проблеми со поплавите имаше во регионите на Зајечар, Краљево, Крушевац, и Ужице, додека поради ненадејниот снег милионски загуби претрпеа одгледувачите на малини во западна Србија.
Поплавен е и Белград – сообраќајот во застој