Едно лице е убиено, а двајца повредени во напад што се случи денеска во јужен Лондон.Британската полиција смета дека е можно да станува збор за терористички напад.
Според британски медиуми, еден војник бил убиен во јужниот лондонски реон Вулвич од двајца мажи, кои го нападнале со мачета и го искасапиле.
Според очевидците тие го раскомадале телото на 20 год момче, а на крајот го влечеле по улица. Неколку жени застанале до телото и го заштитиле да не го сечат почеќе. Објавена е и снимка пред пристигнувањето на полицијата кога еден од убијците држејќи го крвавиот меч во раката му вика на полицаецот ,,Ви се колнам никогаш нема да престанеме да се бориме против вас,, убијците се обраќале до очевидците и барале од нив да ги снимаат и сликаат – сакале да ги има на телевизија.
Кога полицијата пристигнала на местото, жртвата веќе била мртва. Убијците ги нападнале полицајците, кои биле принудени да отворат по нив оган.
ремиерот Дејвид Камерон свика вонредно заседание на владиниот комитет за безбедност „Кобра“, кој што се собира само при инциденти, кои може да имаат последици за националната безбедност.