Тинејџер со нож напаѓал во Маџари, повредено едно момче


Вчера околу 20,00 часот, во Скопје на ул.Маџари„  Е.З.(19)  од с.Страчинци- скопско со употреба на тврди предмети  ја  оштетил  трафиката –  тобако „Ан-Ган -ЈБ “ која била затворена.

g_nozПритоа  настанала расправија со  Е. Б.(28) од Скопје, која регирала  поради причинетото оштетување, по што  Е.З. почнал да ја брка со нож, но истата успела да побегне.

Е.З. потоа без повод и причина со ножот му нанел повреда во пределот на грбот на С. А.(19) од Скопје , кој во тој момент седел пред бурекџилница.

Заради укажување на лекарска помош С.А. е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а Е.З. е приведен и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1