Видео: Ги учат децата да ги убиваат неверниците – и тоа на училиште


На ова морничаво видео се гледа како џихадистите од Ирак и Сирија, огранокот на Ал-Каеда на овие две земји, се обраќаат пред група момчиња во училиште во Сирија, воведувајќи ги во џихадот. Момчињата изгледаат како да имаат по 10-12 години, а своеволно учествуваат во предавањето – како да се убиваат неверниците за да се одбрани исламот.

gihadНо многу други прашање се посериозни од ова. Што се случува откако завршува видеото? Дали овие момчиња се придружиле кон џихадот и убивале неверници?

Дали отишле дома и им раскажале на своите мајки што учеле на училиште? Како нивните мајки реагирале на тоа дека нивните синови се наведуваат да убиваат?

Што ќе се случи со овие дечиња во следните 5, 10 години? Колкумина од нив ќе убиваат неверници поради исламот?

Дали некое училиште ќе одржи предавање во кое ќе се зборува дека исламот е мирољубива религија, која не проповеда убивање неверници?

Децата го учат она што ќе им се каже, ги следат патиштата на возрасните, ги имитираат нивните однесувања и дела.

Погледнете го ова вознемирувачко видео и видете на што се учат тамошните деца..

Денешен.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1