Кој го убива Скопје – еве кои се најголеми загадувачи


Податоците во Националниот план за заштита на амбиенталниот воздух, изработен од Министерството за животна средина, потврдуваат дека „Макстил“, „Скопски легури“, како и „Фени“, РЕК Битола и „Силмак“ се најголемите произведувачи на суспендирани честички во воздухот, кои предизвикуваат сериозни последици на здравјето на луѓето. И градежните работи кои се во експанзија, особено во Скопје, се еден од најголемите емитери на прашина во воздухот

zagaduvanje1Затоплувањето на домовите со согорување дрва, јаглен или нафта, сообраќајот, индустријата, а можеби најважно, местоположбата и климатските услови во урбаните средини…

Ова се главните причини поради кои деновиве македонските граѓани дишат екстремно загаден воздух. Зимата е најкритичниот период кога вообичаено се бројат концентрациите на полутанти во воздухот, а дебатата меѓу експертите, надлежните институции, зелените невладини организации и граѓаните се сведува на прашањето кој е најголемиот загадувач на воздухот во Скопје и другите поголеми градови. Конкретни мерки за намалување на загадувањето на воздухот речиси и нема, а најсигурното решение е да се чека да дојде пролет.

Кој е најголемиот загадувач на воздухот е тешко да се посочи. Надлежните се согласни дека виновници има повеќе, кои особено во зимскиот период заемно се надополнуваат. Сообраќајот спаѓа во петте најголеми аерозагадувачи,  како и индустриските капацитети, кои иако се стремат кон зелена технологија, сепак се’ уште на секој начин се обидуваат да заштедат на полето на заштитата на животната средина.

Податоците во Националниот план за заштита на амбиенталниот воздух, изработен од Министерството за животна средина, потврдуваат дека „Макстил“, „Скопски легури“, како и „Фени“, РЕК Битола и „Силмак“ се најголемите произведувачи на суспендирани честички во воздухот, кои предизвикуваат сериозни последици на здравјето на луѓето. И градежните работи кои се во експанзија, особено во Скопје, се еден од најголемите емитери на прашина во воздухот.

Сепак, и сообраќајот и индустријата се активни и во летниот период, кога загадувањето на воздухот е забележително помало од зимското. Тоа, коментираат експертите, зборува дека е големо влијанието на емисиите во воздухот од затоплувањето на домовите, како и од топлинските капацитети.

Кој и колкава контрола има над помалите индустриски капацитети, кои од локалните самоуправи и Град Скопје добиваат Б-интегрирани дозволи е прашање на кое повеќето креваат раменици. Мали погончиња во подруми во кои се произведуваат средства за хигиена во домот, заварувачки или лимарски или други занаетчиски работилници во кои како гориво се користат отпадни гуми и други загадувачи има огромен број. Но, нивното влијание врз загадувањето на воздухот и генерално врз состојбата со животната средина во која живееме, никој не го мери.

Повеќе на – Утрински Весник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1