Советникот Ендру Цуонис, кој е со грчко потекло се обидел да ја спречи прославата по повод денот на независноста на Македонија во Сиднеј.
Имено, жестока дебата се водела на вчерашната седница на општината Рокдејл.
Гркот побарал советниците да гласаат против одлуката за прослава, но сепак бил надгласан. Советниците Македонци побарале тој да им се извини на сите граѓани за промовирањето на расизам. Во оваа општина веќе започна украсувањето за прославата..
Македонските советници се избориле во оваа општина да се прослави Денот на независноста и покрај желбата на грчкиот советник Ендру Цуонис, Македонија да се именува како ПЈРМ, затоа што тоа било во согласност со барањата на грчката заедница.
Советниците Бил Серавимовски и Николас Мицковски го обвиниле Цуонис за поттикнување национална омраза меѓу македонската и грчката заедница во Австралија.
Во општината Рокдејл живеат околу десет илјади Македонци, Важи за една од најголемите македонски заедници во Австралија.
Видео – Канал 5