НЕМА ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СУСПЕНЗИЈАТА НА ДЕЈАН МИТРОВСКИ – УРКО


Ниту од Министерството за внатрешни работи, ниту од Владата нема конкретно објаснување зошто Дејан Митровски – Урко повеќе не е шеф на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски.

urko gruevski 2Од МВР единствено информираат дека против Митровски, кој е вработен во Шестата управа, е покрената дисциплинска постапка, но не откриваат од кои причини. Даваат само кусо објаснување дека Митровски не ги почитувал професионалните стандарди во врска со угледот на вработениот, како и дека не бил доволно фокусиран на работните обврски. Како резултат на тоа, Митровски времено е суспендиран од позицијата шеф на обезбедувањето на Груевски, се` додека не заврши дисциплинската постапка против него, објаснуваат од МВР.

Од министерството не сакаа да дадат изјава за случајот, со објаснување дека станува збор за редовна процедура. Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, денеска воопшто не сакаше да го коментира случајот со суспендирањето на првиот обезбедувач на Груевски.
– Немам ништо да додадам во однос на тоа што за случајот го изјави портпаролот на МВР, одговори кусо Ѓорѓиев.

Дејан Митровски – Урко беше заштитен знак на обезбедувањето на Груевски и негов телохранител 15 години, уште од времето кога сегашниот премиер беше министер за финансии во Владата на Љубчо Георгиевски.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1