Група од околу 200 Албанци од Мушутишта, општина Сува Река на Косово, се собрала утрово со полицијата кога го блокирале патот кој води кон ова село, а низ кој требало да минат протераните и раселени Срби.
Дошло до конфликт меѓу демонстрантите и припадниците на косовските специјални сили, кој уапсија повеќе демонстранти и употребила солзавец и палки.
Полицајците се опремени за разбивање на демонстрациите со шлемови и штитови.
Албанците, жителите на Мушутишта, го блокираа патот кој води кон црквата Богородица Одигитрије која е срушена и на чии темели утрово раселените Срби требаше да присуствуваат на литургија по повод празникот Голема Богородица.
Демонстрантите носеле албански знамиња и ја извикувале паролата „УЧК, УЧК“.
Околу 150 раселени Срби се наоѓаат во три автобуси и го чекаат расплетот на ситуацијата на оддалеченост од околу 5 километри од местото на конфликтот. Тие добиле гаранција од полицијата дека ќе бидат безбедно во спроведувањето до срушените цркви.