Патниците од летот на Делта Ерлајнс го снимиле пилотот кој им соопштил дека копилотот итно ќе го приземји авионот зошто се заклучил во пилотската кабина.
Капетанот мирно стоел покрај патниците и сталожено им ја објаснил ситуацијата. Вратата од кабината се заглавила на летот од Минеаполис до Лас Вегас.
Дека вратата е заглавена пилотот сфатил кога се вратил од тоалетот. Веднаш на посадата и наредел да се јават на аеродромот Мек Каран. Патниците останале смирени, а копилотот совршено го приземјил авионот и добил аплауз од 168 патници.
Обраќањето на пилотот го снимил патникот Кари Расел кој вели дека „ситуацијата била луда, но и возбудлива“.
-Немаше паника, само бевме малку возбудени – рече друг патник за АБЦ њуз.