ВИДЕО: Хорор, итно слетале – копилотот заклучен сам во кабината, пилотот во ВЦ


Патниците од летот на Делта Ерлајнс го снимиле пилотот кој им соопштил дека копилотот итно ќе го приземји авионот зошто се заклучил во пилотската кабина.

Капетанот мирно стоел покрај патниците и сталожено им ја објаснил ситуацијата. Вратата од кабината се заглавила на летот од Минеаполис до Лас Вегас.pilot avion patnici

Дека вратата е заглавена пилотот сфатил кога се вратил од тоалетот. Веднаш на посадата и наредел да се јават на аеродромот Мек Каран. Патниците останале смирени, а копилотот совршено го приземјил авионот и добил аплауз од 168 патници.

Обраќањето на пилотот го снимил патникот Кари Расел кој вели дека „ситуацијата била луда, но и возбудлива“.

-Немаше паника, само бевме малку возбудени – рече друг патник за АБЦ њуз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1