Бебе од десет месеци има килограми колку што нормално имаат деца од пет години, поради што се соочува со ризик да се разболи од многу болести.
Хуанита Валентина Хернандез од Колумбија има само 10 месеци и тежи неверојатни 20 килограми. Се родила со тежина 2.700 грама, но ова девојче се развива побрзо од другите деца. На возраст од 10 месеци просечна тежина е 8,6 килограми.
– Кога имаше 15 дена, веќе имаше дебели обравчиња, а се роди многу мала, ситна. Оттогаш нејзината тежина расте и нејзината дебелина станува опасна – вели нејзината мајка Сандра Франко.
Мајката е невработена, па за Хуанита се грижи една хуманитарна организација од Колумбија. Тамошниот лекар истакнува дека дебелината на Хуанита е надвор од сите граници.