Џен Балик и нејзиното момче Џеф Ланг имале совршен живот и планирале што поскоро да се венчаат и да основаат семејство. Но понекогаш животот не тече онака како што сме го замислиле…
На почетокот на годинава Џен почнала да кашла, а нејзиниот матичен доктор и дијагностицирал пневмонија. Но кога кашлицата никако не се повлекувала, докторите направиле подетални испитувања и дошле до ужасно откритие.
Џен има рак на белите дробови во четврта фаза. Кога 35-годишната Џен ги слушнала овие вести, целиот свет се срушил врз неа. И остануваат само четири до шест месеци живот.
Таа и Џеф решиле што поскоро да се венчаат и да уживаат во животот додека можат. Нивна пријателка поставила молба на форум за организирање венчавки и побарала помош во организирање на најубавата свадба што може да се замисли.
Ерика Ота, познат организатор на венчавки, ја забележала нивната приказна и решила веднаш да и го исполни сонот на Џен и да и ја овозможи свадбата од соништата.
-Знам дека ќе умрам, но сепак сум најсреќната жена на светот, со солзи во очите вели Џен.
Џен и Џеф биле толку возбудени затоа што Ерика се понудила да им го исполни најголемиот сон и не знаат како да и се заблагодарат. Благодарение на неа, тие ќе можат последните месеци од животот на Џен да ги поминат во љубов и благосостојба.
Џен вели дека не дозволува болеста да ја уништи и додава дека секој момент го живее со љубов кон животот и не се плаши од ништо се додека Џеф е покрај неа. Венчавката се одржа вчера, а за неа се потрошени 52.000 долари.
Курир