Видео: Има 29 години, а зборува 73 јазици (Видео)


Правникот Мухамед Мешиќ од Тузла зборува дури 73 светски јазици! Англискиот, грчкиот, турскиот ги совледал уште како дете, а со тек на време научил и хебрејски, јидиш, баскијски, кинјарварду…

До својата 26-та година тој зборувал 56 јазици. Работи за Брејнс ворк групата, како проект менаџер во Британскиот совет.

muhamedtuzlaВоедно Мухамед бил личен советник на претседателот на Македонија и градоначалникот на Тузла, јавува “Блиц”. До сега работел на четири континети во 24 земји, а моментално живее во Виена и ги води правните работи во една градежна компанија.

За време на војната во Тузла среќавал војници од УНПРОФОР од Шведска, Пакистан, Норвешла и од љубопитност ги научил нивните јазици. Единствен јазик кој го учел на курс е знаковниот јазик. Рано почнал да чита и пишува. Уште како мал пишувал од десно на лево, а неговите родители во огледало читале што тој напишал. Води белешки на хебрејски и арапски.

– По некоја моја дефиниција, јазикот го говорам течно тогаш кога ќе можам да остварам самостојна секојдневна комуникација, како онаа кога ќе сретнете некој во автобус. Јазиците кои подолго ги говорам и со кои почесто се среќавам како англиски, италијански, португалски, турски, се јазици кои ги говорам многу добро – изјави Мухамед.

Тој изјави дека луѓето при честите патувања во Грција го прашувале дали е всушност Грк бидејќи имал акцент како да е роден во Атина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1