Тодоров стисна – Биопсии мора да се готови за една недела


Од нова година примероците за биопсија треба да бидат готови за една недела, а хистопатолошките и дијагностичките извештаи да се изготват најмногу до десет дена од земањето на примероците за анализа. Ова е само една од 10-те мерки со кои Министерството за здравство ќе го подобрува третманот на пациентите со малигни и други тешки заболувања.

labaratorijaЗа секој ден доцнење ќе има намалено плаќање на пружената услуга од страна на ФЗОМ кон здравствената установа и тоа 5% за секој ден задоцнување, ако доцнењето е над 20 дена, ФЗОМ воопшто нема да и ја плати услугата на здравствената установа, рече Тодоров.

Со новите мерки се забранува пациентите сами да носат примероци до установата каде треба да се врши анализата. Ќе има прераспределба и на опрема која не ја користат некои клиники. Биопсија со ултразвук освен во “Септември” ќе се врши и на Клиниката за радиологија. Институтите ќе бидат вклучени во проектот “мој термин” за да може да се закажува електронски. Ќе се води точна евиденција за сите пациенти, а лекарите треба да работат подеднакво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1