Ќе останат без тапии ако домаќините не побрзаат со геодетските елаборати


За шест месеци, колку што истекоа од рокот за доставување на елаборатите, геодетите не примиле повеќе нарачки од порано, а од нивната комора информираат дека бројот на лиценцирани геодетски фирми е доволен да се завршат поднесените барања доколку целиот процес се одвива континуирано, но не и ако барањата се поднесуваат во последен момент.

Kukja od 900 m2Граѓаните и фирмите кои го чекаат последниот момент за да порачаат геодетски елаборати и да си ги легализираат објектите ризикуваат да останат без имотен лист, предупредуваат од Катастарот и од геодетските фирми. Според кажувањето на геодетите, тоа многу лесно може да се случи зашто за шест месеци, колку што истекоа од рокот за поднесување на елаборатите, состојбите воопшто не се промениле. До крајниот рок има уште една година, но тие веруваат дека и во овој случај ќе проработи македонскиот менталитет и во последните месеци ќе бидат затрупани со нарачки, кои нема да имаат време да ги сработат.

На ова во интервју за ВЕЧЕР предупреди и директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини, Славче Трпески.
– Рокот за поднесување барање за легализација на дивоградбите беше септември 2011 година и оттогаш до денес на територијата на град Скопје вкупно се запишани 13.005 објекти кои биле дивоградби. На територијата на цела Македонија се издадени имотни листови за 31.834 објекти, или заедно со Скопје, за вкупно околу 45.000. Може да се појави проблем ако сите граѓани го чекаат последниот рок да направат елаборати, затоа што имаме 150 геодетски фирми и тие нема да можат да ги изработат сите ако нарачките ги примат во последните два месеца пред истекот на рокот. Остануваат околу 300.000 дивоградби што се уште не добиле решение за легализација – рече тој.

Целото интервју на – Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1