Возобновувањето на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник, им ги врза нозете на сите оние кои сакаат да го обиколат ридот од каде просветителот некогаш скромно ја ширел писменоста. Поради изведувањето на градежните работи, забрането е движење по пристапните патеки, кои водат кон Канео и плажата Лабино. Локалитетот е заграден од сите страни.

На западната страна од црквата во мементов се градат музеите,Свети Климентовата библиотека и институт за хуманистички науки. На исток пак се подига манастирскиот конак и резиденцијата на дебарско-кичевската епархија. Потоа ќе се градат Богословскиот факултет и свететски универзитетски и комјутерски центри-вкупно 16 објекти кои во фаза карабина треба да бидат готови за 26 месеци.Потоа веднаш ќе се распишеле тендери за нивно ентериерно уредување.
Алфа