Зион Чан живее со 181 членови на семејството. Нивниот дом е куќа на четири ката, која има повеќе од сто соби. Имаат и свое училиште
Во индиската држава Мизорам, во селото Бактавнг, живее Зион Чан. Овој, на прв поглед обичен човек, сепак не е некој кој се гледа секој ден. Овој Индиец, веројатно го има најголемото семејство на светот. Toj живее со дури 181 членови на семејството.
Зион има 39 жени, 94 деца, 14 снаи и 33 внучиња и сите живеат под ист покрив. Имаат куќа од четири ката со повеќе од сто соби, а имаат и свое училиште. За вечера обично јадат 30 пилиња, близу 60 килограми компири и 100 килограми ориз.
Зион не е загрижен поради неговото големо семејство, дури и не бара никаква помош за да го издржува. Тој е претставник на секта која им дозволува на членовите да се женат колку пати сакаат. Самиот тој во една година се оженил десет пати.
Среќен сум што сум маж на 39 жени и глава на најбројното семејство на светот- изјави тој.