Видеото кое се појави на социјалните мрежи предизвика без кај Мексиканците, затоа што го го прикажува градскиот инспектор во градот Вилахермос, како понижува сиромашно момче , уличен продавач на слатки и цигари
Откако инспекторот си заминува на момчето му приоѓа човек кој ги собира слатките во корпата, а момчето непрекинато плаче со покриена глава со рацете, клекнато на земја.
По објавата на видеото, јавноста остро ја осуди постапката на инспекторот. Во случајот се вклучиле и градските власти и најавија дека ќе го истражат случајот. Градот најави дека инспекторот ќе биде отпуштен од работа. Момчето живее во село со баба и дедо, а сакало да дојде во град за да заработи за училишен прибор и униформа. Затоа дошло со својата тетка, но по инцидентот се вратило во своето село, кај баба му и дедо му.