ВИДЕО: ИСЛАМСКА ДРЖАВА ИМА СВОЈА ЖОЛТА КУЌА: На заробениците им вадат органи и ги продаваат!


Оваа терористичка организација одобриила од заробениците да се земаат органи и кога тоа ќе ги убие како би им се спасиле животите на муслиманите, покажале неодамна откриените документи.

Тие документи, пренесе Ројтерс, може да бидат доказ дека ИСИЛ финансира и трговија со човечки органи.

organ-trafficking

Имено, во документите од 31 јануари 2015 година, во кои Ројтерс имал увид, се дозволува од заробениците да се земаат органи како би им се спасиле животите на муслиманите иако тоа може да го загрози животот на заробеникот.

Тој документ, како наведуваат аналитичарите, е откриен заедно со други податоци во текот на претходни сшецијални сили на САД на истокот во Сирија во мај оаа година.

„Животот и органите на заробеникот не мора да се почитуваат и може неказнето да се земат“ се наведува во документот кој Истражувачкиот комитет на ИСИЛ го напишал во облик на фатва или религиозен закон. Ројтерс додава дека документот не нуди докази дека ИСИЛ се занимава со земање и трговија со органи туку дава религиско одобрение за вршење на тие работи.

Ирак уште одамна ја обвини Исламска држава дека зема и тргува со човечки органи како би остварила профит.Поратлот Муслимански печат пишува дека ИСИЛ на 13 јули во Мосул на северот од Ирак отворил клиника каде им ги вадат органите на заробениците. Тоа го изјавил портпаролот на Демократската партија Курдистан во Мосул Саид Мамузини за руската агенција Спутник.

Клиниката ја нарекле по поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Операцијата ја вршат хирурзи на Даеш. Вооружените џихадисти киднапираат и локално население и им одземаат органи, па ги продаваат на богатите“, рекол Мамузини.

„Знаеме дека терористите праќаат органи во Сирија“, додал тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1