Над два милиона луѓе беа на Маршот на солидарноста во Париз и на собири ширум Франција против тероризмот и во знак на сеќавање со убиените во терористичките напади извршени во изминатите денови во францускиот главен град, јави дописникот на МИА од Париз.
Над 1,5 милион луѓе беа на Маршот на солидарноста во Париз додека над 600 илјади беа излезени на улици во други градови во Франција изразувајќи поддршка. Историскиот марш го предводеше францускиот претседател Франсоа Оланд и уште околу 50-на светски лидери и претставници од голем број држави.
Во напад врз редакцијата на сатиричниот весник Шарли ебдо, минатата недела загинаа 12 луѓе, при киднапирање луѓе во еден супермаркет уште четири лица и во одвоен инцидент загина и француска полицајка. Учесниците во Маршот со минута молчење на почетокот оддадоа почит за жртвите во терористичките напади, а потоа ги поведо аграѓаните собрани на Плоштадот на Републиката низ улици на Париз скандирајќи Шарли, Шарли.
Покрај Оланд, на Маршот учествуваа и германскиот канцелар Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон како и израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот Махмуд Абас, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, турскиот премиер Ахмет Давутоглу…
На повикот на францускиот претседател да учествуваат на голема антитерористички протестен марш се приклучија и највисоки функционери во Европската унија и лидери на европски држави.
За безбедноста се грижат околу 2300 припадници на силите на редот, 24 мобилни единици на француските безбедносни сили, дваесетина екипи на Антикриминалната полиција, 56 екипи на мотоцикли.