ВИДЕО: Издолжен череп – Археолозите во Русија пронашле костур на вонземјанин


Археолозите во Русија во близината на градот Челабинск пронашле скелет стар повеќе од 2.000 години со чуден, издолжен череп, за кој поединци тврдат дека е вонземјански.skeletru

Скелетот со издолжениот череп кој најверојатно е жена од племето Сармати веднаш ги заинтригира луѓето кои се бават со паранормални активност. Сите во еден глас тврдат дека ова е доказ дека вонземјаните биле на Земјата.

Археолозите, од друга страна, се уверени дека се работи за скелет на жена од племето Сармати, кои се познати по традиционално врзување на главата, кое би можело да доведе до вакво деформирање на черепот, пишува Раша Тудеј.

– Черепот е издолжен поради тоа што децата во племето биле врзувани со коноп на главата. Тоа била традиција во племето, рекла Марија Макурова, директор на резерватот Аркаим каде е пронајден скелетот.

Научниците сепак се збунети, бидејќи им е нејасно поради што некој би негувал таков обичај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1