Околу 20 часот заврши увидот на возилото во кое загина новинарот и сопственик на Фокус Никола Младенов и возилото беше извлечено од еднекот.
Посмртните останки на новинарот и сопственик на „Фокус”, Никола Младенов, кој загина во сообраќајна несреќа, ќе бидат изложени утре во 13.30 часот во капелата во Бутел. Погребот ќе биде во 14.30 часот на Градските гробишта во Бутел.
Претходно, во Младинскиот културен центар во 11 часот ќе се одржи комеморација во чест Никола Младенов. Редакцијата на „Фокус” соопшти дека, утре излегува вонредно и бесплатно издание на 16 страници посветено на Младенов
Изввор Денешен – Видео – Бриф