ВИДЕО: Ја фрлил девојката во шахта, ја спасиле по 60 часа


Една жена од кинескиот град Хаикуа, била фрлена во шахта полна со вода, длабока три метри, од страна на нејзиниот дечко. Таа во шахтата поминала цели 60 часа, иако целиот случај детално го забележале безбедносните камери

14022014182706_ja frlil devojkata vo sahtaНа видеото се гледа како момчето, кое е идентификувано само како Гуо и за кој се тврди дека е зависник од коцкање, подготвува стапица- го отвара капакот од шахтата и преку него става картон, а потоа ја носи својата девојка до шахтата и ја фрла внатре, а потоа го враќа капакот на место.

Откако три дена никој не ги слушнал нејзините повици за помош, девојката, од својата облека направила скала, но немала доволно сила да се крене нагоре. Тоа сепак помогнало минувачите да ја слушнат и да ја извлечат, облечена само во долна облека.

Спасувањето било забележано на камерите, а момчето  кое ја фрли во шахта, призна дека тоа го сторил затоа што и должел 16.500 долари и обвинет е за обид за убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1