Видео: Кај кого одел Путин во два часот после полноќ?


По состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин тргнал кон Милано за да го посети својот стар пријател Силвио Берлускони, кој е во домашен притвор поради затајување на данок20102014194214_220595-thumb-social-play-berlusconi_putin_1

Поради набиената агенда, претседателот на Русија Владимир Путин не можел да го види својот стар пријател, поранешен италијански премиер Силвио Берлускони пред два часот наутро. Берлускони е во домашен притвор и, според правилата, не смее да го напушти својот дом освен во исклучителни ситуации и под услов да се врати до 23 часот. Овој пат, судот му дозволил на Берлускони да се задржи до три ипол часот наутро бидејќи Путин бил зафатен со бројни средби. Репортерите успеале да го снимат Путин кога по него дојде црна лимузина додека Берлускони му мавтал од вратата.

Путин, претходно, често присуствувал на забавите што Берлускони ги организирал во својата вила на Сардинија, а гостопримството му го возвратил со заеднички одмор во неговата летна резиденција на брегот на Црното Море

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1