Првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ денеска Хашкиот трибунал го осуди на 40 години затвор по обвиненијата за воени злосторства во Босна и Херцеговина извршени од 1992 до 1995 година.
И Караџиќ и Обвинителството имаат право на жалба, а тој до правосилната пресуда ќе остане во притвор во Трибуналот.
Караџиќ е прогласен за виновен за геноцид над муслиманското население во Сребреница, злосторства во Сараево, киднапирање и голем број воени злосторства во седум општини во Босна и Херцеговина.