Во џунглата на Аргентина пронајдено скривалиште – кој се се криел тука (Видео)


Археолози во урнатини во паркот Теј Кер во Аргентина пронашле германски железни монети од периодот 1938-1941 година, известува весникот „Кларин“. Откриено е парче порцелан со натпис „Made in Germany“ (Направено во Германија), што е во прилог на теоријата според која нацистите во случај на пораз, планирале да се кријат во аргентинската џунгла.nacisticki bunker

– Национал-социјалистите во Втората светска војна очигледно имале таен проект за изградба на прибежишта за нацистите на висока положба – објаснува шефот на археолошкиот тим Даниел Скавлесон. Скривалиштата се градени во зафрлени подрачја , „на непристапни места среде пустина, во планините или како во овој случај, во џунгла, додал тој.

Скривалиштата се состојат од три згради, вклучувајќи објект за живеење и магацин. Сите имаат панорамски поглед и ѕидовите се со дебелина од 1 метар.

Според податоците на Центарот „Симон Визентал“, илјадници германски нацисти како и хрватски и италијански фашисти, пбегнале по Втората светска војна во Аргентина, каде тогашниот претседател Хуан Перон им пружил засолниште. Адолф Ајхман кој учествувал во организирање на масовното уништување на Евреите, го уапсиле израелските единици во 1960 година во Буенос Аирес. Подоцна е осуден на смрт. Меѓу нацистите кои побегнале во Аргентина бил и Џозеф Менгеле, озогласениот доктор од концентрациониот логор Аушвиц.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1