ВИДЕО:Кинезите ја бојосуваат тревата во зелено за да ја освежат


Кинеската пролет во градот Ченгду е сепак поинаква од сите други на планетата, затоа што градските власти се сетиле дека по досадната и долга зима најдобро било тревата веднаш да позелени, така што ќе ја бојадисуваат со боја

kina trevaНе е лесно по долгите зимски месеци да се чека тревата да зазелени. Со природата сепак треба да се има трпение…Меѓутоа градските власти на кинескиот град Ченгду одлучија да не губат време и дека пролетта мора да дојде токму тогаш кога тие замислиле дека треба да дојде.

Според градските власти, ако природата тоа не може брзо да го направи сама, тогаш најдобро е да се земе зелена боја и да се обојат тревниците во пролетно зелена боја.

Иако надлежните тврдат дека зелената боја со која прскале е безопасна, жителите протестираат плашејќи се дека бојата е отровна. Истотака, тие истакнуваат дека боењето на тревниците и билките не може да биде безопасно затоа што боите се хемикалии.

Граѓаните духовито прашуваат: Дали и небото ќе го обоите во некоја друга нијанса на сина кога оваа ќе ви досади?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1