Видео: „Кисинџер“-Силиконски усни за бакнежи преку интернет


За сите оние кои се обидуваат да ја одржат страста во врската на далечина стига помош. Од сега раздвоените парови ќе може да се бакнуваат и преку интернет.

Професор по роботика во Сингапур измислил направа која личи на мала глава со преголеми силиконски усни која ја нарекол „Кисинџер“ и ја претставил неодамна на една научна конвенција во Британија. „Кисинџер“ моментално се подготвува за комерцијална примена.

– Може да се користи како средство за подобрување на комуникацијата помеѓу луѓето, изјавил професорот Хуман Самани.

Паровите само треба да ја поврзат направата со компјутерот со помош на USB кабел, да се поврзат на интернет и ете така ќе може да се бакнуваат со силиконските усни кои се движат со сензори што испраќаат информации на другата страна.

Паровите исто така може да се гледаат меѓусебно на компјутер додека разменуваат бакнежи.

Специјалниот силикон од кој се направени усните нуди најдобро чувство, вели изнаоѓачот кој лично ја испробал направата.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1