Повеќе од 1.400 засадени стебла канабис биле откриени денеска во акција на српската полиција во Барајево
Насадите, како што објавија српските медиуми, биле откриени во магацин на некогашна фабрика за бојлери, која во меѓувреме отишла во стечај. Во фабриката имало и четири одвоени и современо опремени лаборатории за одгледување марихуана и просторија за сушење на билките.
Уапсени се 28-годишен сопственик на фабричката хала СЗР „Липовица“ и уште едно 26-годишно лице.