Неверојатна снимка направена со дрон покажува застрашувачки последици од свлечишта кои го уништиле магистралниот пат Будва-Цетиње во Црна Гора.
Неодамнешните интензивни врнежи од дожд во Црна Гора оставија големи последици, а жителите на подрачјето околу Будва често на прашањето „Како е“, одговараат со „Се сруши половина град“. Селата во околината се Будва се отсечени од градот.
Најалармантна е ситуацијата на патот Будва-Цетиње кој е затворен за сообраќај. Обилните врнежни од дожд уништија дел од оваа магистрала, а како што пишуваат локалните медиуми не е познато кога истата повторно ќе биде отворена за сообраќај. 100 метри асфалт се пропаднати околу 80 сантиметри, а отворени се и голем број пукнатини на патот длабоки и по неколку метри. Свлечиштето срушило една куќа додека останатите се во опасност.
Градоначалникот на Будва вели дека санацијата мора да биде завршена до почетокот на туристичката сезона. Директорот на Дирекцијата за сообраќај, пак, истакнува дека потребни се месеци работа и мора се запре цел рид кој лизга, но не знае дали овој дел од Црна Гора ќе влезе во туристичката сезона.