Една неодговорна мајка од Мексико го оставила своето бебе во автомобил на паркингот на еден трговски центар. И тоа во време кога надвор сонцето буквално печело и температурата била над 40 степени.
Бебето го забележале случајни минувачи кои веднаш пријавиле во полиција кои пак го скршиле стаклото од автомобилот за да го извлечат детето.
Мајката во полиција изјавила дека детето го оставила само на 10 минути и дека случајно клучевите ги заборавила внатре.
На детето биле видливи траги на дехидратација и тоа веднаш е префрлено во болница.
Бебето е одземено од мајката и не е познато дали воопшто ќе и биде вратено назад.
Погледнете го ова драматично спасување: