ВИДЕО: Мајка Се соочи со возачот поради кој нејзиниот син е тежок инвалид


Ричардсон е затворен од 2009 година, кога удрил во автомобилот кој го возела Кадер. Неколку пати се извинил за тоа што го направил. Тој во моментот кога удрил во автомобилот имал три пати поголемо ниво на алкохол во крвта од дозволеното. Изјавил дека во својата ќелија има статија за да го потсетува на трагедијата која ја предизвикал

BF4A9F761E8A704FB5B81ADBB7C01BA0Американката Лубна Кадер се нашла лице во лице со Стјуарт Ричардсон, кој во 2009 година пијан во сообраќајна несреќа тешко го повредил нејзиниот син Абдалах, кој потоа завршил во вегетативна состојба, пишува “Дејли меил”. Пет години по несреќата мајката во тексашкиот затвор се соочила со возачот кој го уништил животот на нејзиниот син. Несреќната мајка на мажот најпрвин му покажала фотографија од својот насмеан син кога имал само две години. Потоа ја заменила со негова фотографија во состојбата во која се наоѓа моментално. “Не гледа, не може да зборува, не може да чита, не може да јаде. Денес навршуваат пет години. Пет години!”, му нагласила мајката на Ричардсон. Таа му кажала дека нејзиниот син секој ден умира. “Никогаш нема да ви простам за тоа што ми го направивте”, продолжила мајката. Го гледала од другата страна на стаклото и му кажала дека тој пати секој ден. Ништо не може да прави”, викала Кадер. Таа по емотивното соочување изјавила дека никогаш нема да може да му прости на Ричардсон. Кажала дека неколку пати се обидела да му прости, бидејќи, секако, тоа нема да промени ништо.

Инаку, Ричардсон е затворен од 2009 година, кога удрил во автомобилот кој го возела Кадер. Неколку пати се извинил за тоа што го направил. Сега кога ќе одам дома мојот син ќе биде добар само затоа што вие велите дека ви е жал? Само оди си! Оди си”, велела мајката.
Како што пренесува Дејли меил”, Ричардсон изјавил дека се согласил да се соочи со мајката, бидејќи сакал семејството да знае дека тој секој ден мисли на малиот Абдалах.
-Направив грешка и сакам тоа семејство да знае дека ќе направам се за да ми простат. Да знаат дека ги сакам и дека жалам за тоа што се случи – изјавил Ричардсон. Тој во моментот кога удрил во автомобилот имал три пати поголемо ниво на алкохол во крвта од дозволеното. Изјавил дека во својата ќелија има статија за да го потсетува на трагедијата која ја предизвикал.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1