Видео: Македонска пејачка успешна на светските топ листи


“Time Time” е летниот хит кој на македонската пејачка Рената и донесе успех од светски рамки. Токму со оваа песна таа го сврте вниманието на познати продуценти и на пошироката публиката.

Воедно таа е и првата македонка која се појави на изданието на светската компанија за промоција за најголеми и најнови планетарни синглови “Radio Express”-пишува Курир.
За успехот на синглот “Time time” зборува и фактот дека токму тој во моментов е потенцијален World Chart хит.
Курир исто така пишува дека во селективната комбинација на двојното ЦД од страна на докажани продуценти на светската музичка сцена,Рената Кралевска се најде на изданието заедно со  реномирани имиња од типот на: Lil Wayne, Alexandra Stan, The Script, Ne- Yo, Taio Cruz, Pitbull и други.
Рената Кралевска е ексклузивец на Sky Eye Entertainment продукција со која најавиле  подготовка на сериозен музички проект во соработка со успешни светски музички корпорации.

Share Button

Tags: , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1