Видео: Маж се самозапали на аеродромот во Рим


Државјанин на Брегот на слоновата коска кого италијанските власти го протерале од земјата се обидел да се самозапали во четвртокот наутро на римскиот меѓународен аеродром „Леонардо Давини” кај Фјумичино, во што бил спречен од полицајците.

samozapaluvanje rim

Имигрантот во тешка ситуација бил пренесен во болница, како и полицаецот кој му помогнал гасејќи го огнот со противпожаерен апарат.
Мажот бил донесен на аеродромот откако од полицијата добил налог да ја напушти Италија.
Дел од аеродромот во кој се случил инцидентот бил затворен за јавноста повеќе од еден час.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, патниците на аеродромот ги фатило паника кога виделе чад во зградата и припадници на обезбедувањето и полицајци како трчаат кон маж кој се одлучил на овој очајнички чин.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1