ВИДЕО: Менаџерката на Тоше ја има најголемата плантажа со лаванда на Балканот


Љиљана Петровиќ, поранешен музички менаџер, пред четири години ја подигна најголемата плантажа со лаванда во Србија. На повеќе од триесет хектари се засадени 600.000 растенија од оригинална француска лаванда “вера”, кој се користи како основа на сите парфеми и лекови. Експертите велат дека тоа е најголемата плантажа во Србија, една од трите најголеми во Европа, и меѓу најголемите плантажи во светот.

– Не се жалам но единствено што не очекував е толку скапа инвестиција која бара многу работа. Инвестирав сопствени пари и позјмував од пријатели и роднини бидејќи не можев да добијам кредит- вели Петровиќ.lilja1

Да си оди од забавната индустрија одлучила после смртта на Тоше Проески. Иако имала многу понуди да биде менаџер на пејачи од Балканот и европските земји, таа одлучила да го напушти шоу бизнисот.

– По несреќата размислував да работам нешто помирно и да не биде поврзано со медиуми бидејќи повеќе не сакав да бидам медиумска личност. Се определив за лековитите билки поради земјата која ја имав наследено од мојот дедо -вели Лилјана.

Производство, вели таа е многу комплицирано. Треба да се најде растение кое е многу мало и треба да се негува, без хемиски третман, затоа што е органско производство. Првите четири години ве чека, замислите тоа се 600.000 растенија околу кои треба да се копа. Работа на плантажата започнува во март и завршува во доцна есен. Има четири вработени со полно работно време но во сезона ангажира по педесетина работници дневно.

– Трошоците се огромни, бидејќи секој ден педесет сезонски работници работат а сезоната трае поголемиот дел од годината. А бербата мора да се заврши за десетина дена за да не прецвета. После бербата следува дестилација во нејзината фабрика.

На прашањето дали е полесно да се биде естраден менаџер, таа одговори дека подеднакво е тешко односно лесно секоја работа. За неа е важен предизвикот а и во двете работи е важно да се биде добар менаџер. Дали во музиката или во земјоделството, сеедно.

AlJazeera/Brif.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1